Динамичен едиторијал на Коко Роша за Harper’s Bazaar

21 октомври 2014

Паралелно со објавувањето на вестите за нејзината блажена состојба, вчера беше лансиран новиот број на италијанското издание на Harper’s Bazaar, на кое Коко Роша ја краси насловната страна. Благодарение на часовите по танц, канадската убавица придонесе за создавање на динамичен едиторијал, благодарение на совршените телесни движења.

Фотографиите ги потпиша Natth Jaturapah,а стилистот Yoshihiro Hidaka беше задолжен за стајлинзите, кои се комбинации од парчиња на модните куќи Ралф Лорен, Вес Гордон и Селин.

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Сцена