Дизајнерското дуо на канадскиот бренд Дискверд, близнаците Дин и Ден Катен направија спектакуларна забава со хавајска тематика во Москва, по повод отворањето на првиот бутик во руската престолнина, односно во областа позната како „Barvikha Luxury Village“ . Тропските мотиви кои се честа инспирација на дизајнерите беа застепени и на забавата, па така сите присутни руски модни инсајдери и медиуми пиеја пинаколада и носеа хавајски венци.
Инаку продавницата опфаќа 210 квадратни метри и располага со понуда од машки и женски колекции, долна облека, чевли, чанти и парфеми. Ентериерот на бутикот е одраз на карактеристиките на брендот, односно е уреден со елементи кои ги красат сите бутици на популарната етикета.
Во делови од ентериерот се застапени и еленски рогови на лустерите, кои пак ја симболизираат родната Канада и канадските шуми.