Добредојде Метју Пери: Сега сите „Пријатели“ имаат Инстаграм

7 февруари 2020

Откако Џенифер Анистон се приклучи на Инстаграм мрежата и направи „бум“, само на многумина омилениот Чендлер, односно Метју Пери немаше профил на социјалната мрежа.

Но, Лиса Кудро вчера ја соопшти новата вест, објавувајќи ретро-фотографија со него.

 
 
 
View this post on Instagram

Finally!!! Yay!! Can’t believe my eyes MY EYES Welcome to Instagram @mattyperry4 #friendsforlife

A post shared by Lisa Kudrow (@lisakudrow) onFeb 6, 2020 at 9:07am PST

 „Конечно!!! Јеј! Не можам да им поверувам на очиве! Добредојде на Инстаграм Метју Пери“, напиша актерката додавајќи ја и ознаката “пријатели засекогаш“ (#friendsforlife).

Метју за сега нема ниту една објавена фотографија, но има 1.8 милиони следбеници и бројката сè уште расте.

Единствено нешто што засега може да се види е описот на профилот, каде стои: „Што е ова, мојот Инстаграм профил?“.

Кој ли ќе биде првата објавена фотографија, останува да почекаме.

Инаку, „Пријателите“ се првите луѓе кој тој ги заследи на Инстаграм, а потоа и Кејт Хадсон, Роберт Дауни Џуниор, Рис Витерспун и уште неколку други.

 

Објавено:
7 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
807 пати