Добро искористено време: Шакира за време на карантин доби диплома

25 април 2020

Доказ дека изолацијата не мора да биде нужно досадна и непродуктивна е и Шакира. Пејачката го искористи ова време кога речиси целиот свет беше затворен во своите домови, да се посвети на нешто што навистина ја интересира - античка философија.

 „Добив диплома после успешно завршен четиринеделен семинар/курс по античка философија на Универзитетот Пенсилванија. Знам дека моите хоби активности понекогаш не се практични, но горда сум затоа што требаше да се поминат многу часови над книга и тоа ноќе, кога моите деца конечно ќе заспиеја. Им благодарам на Платон и останатите на „забавата“ во изминатиот месец“, се пофали пејачката на социјалните мрежи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira) onApr 23, 2020 at 8:36am PDT

Без оглед на тоа што се работи за курс кој како и самата вели, не содржи практичност во себе, сепак нејзиниот труд е за пофалба. Исто така, нејзиното учество ги изненадило и останатите учесници на курсот, па една од нејзините колешки неодамна на социјалните мрежи прокоментирала: „Замислете, професорот еден ден ви кажува дека ќе ве подели во парови за новата задача, и вие ја добиете Шакира“. 

Инаку, пејачката курсот го следела преку онлајн канал, од својот дом во Барселона каде што живее со сорпугот, познатиот фудбалер Пике и нивните синови Саша и Милан.

Објавено:
25 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
296 пати
Тагови: 
Шакира диплома