Добро утро од Бред Пит од Венеција

29 август 2019

Филмскиот фестивал во Венеција, започна вчера. Ќе следат десет дена интересни вести за филмските остварувања, а за нас уште поинтересни модни појавувања.

За стартот на 76. издание на фестивалот, социјалните мрежи се потрудија да се крене прашина со фотографијата на Бред Пит (55).

@annaharlifestyle

 

@annaharlifestyle

@rai_cinema

Имено, тој вчера пристигна во Венеција, а медиумите се потрудија тоа да биде максимално проследено.

Во сосема лежерно издание, со едноставна маица и фармерки, капче и очила за сонце, Бред покажа дека е одличен фраер и во шестата деценија.

@hollywoodreporter

 

Освен тоа, се забележа и новата тетоважа на десниот бицепс, веднаш до таа што ја посвети на неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли. Се работи за машка фигура свртена со грб и негова сенка.

@grazia_es

@rai_cinema

 Инаку, филмот „Ад Астра“ во кој Пит ја толкува главната улога, ќе ја има својата светска премиера токму на фестивалот, а во кината низ Македонија ќе се дава од 19. септември.

Се работи за научно-фантастична драма за астронаутот Рој Мекбрајд (Брад Пит) кој е пратен на мисија да го најде неговиот исчезнат татко (Томи Ли Џонс), но секако тоа нема да биде така едноставна мисија.

Во филмот се појавуваат и Лив Тајлер, како сопруга на Рој и Доналд Сатерленд, како колега на таткото на Рој. Режисер е Џејмс Греј.

 

Објавено:
29 август 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.729 пати