Доделени ESPY наградите за најдобрите спортисти

17 јули 2014

Наградите ESPY за прв пат почнаа да се доделуваат пред десет години од основачот Кабелската ТВ асоцијација на Америка, а благодарение на изградениот статус, спортските награди се изедначуваат со доделувањето на Оскарите, Еми и Греми наградите.

На црвениот килим се појавија голем број познати ѕвезди  музичари, актери и секако спортисти. Домаќин на настанот беше раперот Дрејк, а на црвениот килим се појавија Камерон Дијаз, Џесика Алба, Марија Шарапова, Кристи Тајген и други.  Меѓу наградените за најдобар машки спортист беше избран Кевин Дурант, во женската категорија победи Ронда Роузи, а за најдобар национален фудбалски клуб беше избран Seattle Seahawks.

Објавено:
17 јули 2014
Категорија: 
Сцена