Доделени престижните награди на магазинот Elle

21 октомври 2015

Еден од највлијателните светски магазини, Elle вчера на традиционалното 22-ро издание на доделувањето на престижните награди Women in Hollywood во Лос Анџелес, го собра кремот од актерската холивудска фела.

Новиот број на магазинот за месец ноември е посветен токму на холивудските дами: Кејт Винслет, Селма Хаек, Кери Мулиган, Дакота Џонсон, Џена Роуландс, Ејми Шумер, Алисија Викандер и Ду Вернеј, кои се најдоа на насловната страна.

Главната уредничка на американскиот Elle, Роби Маерс во своето обраќање до медиумите потенцира дека токму овие жени се олицетворение на модерните и успешни дами со што го заслужуваат и местото на новата насловница на магазинот.

Покрај осумте хероини од насловната страна, на гламурозната вечера се појавиа голем број од нивните исто толку познати и успешни колешки.

Каков беше нивниот стилски избор, погледнете во галеријата во продолжение.

Објавено:
21 октомври 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
738 пати