Дрејк го покажа синчето Адонис за првпат кој ги освои сите симпатии

31 март 2020

Раперот Дрејк за првпат одлучи да сподели фотографии од својот двегодишен син Адонис. Тој на својот Инстаграм профил закачи неколку фотографии, а со цел да пренесе значајна порака до сите оние што го следат.

Како вели во описот, она што е најважно во овој момент е да се поврземе со нашето внатрешно светло. Тоа ќе ни помогне на сите да бидеме поотворени.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by champagnepapi (@champagnepapi) onMar 30, 2020 at 2:14am PDT

 

„Верувајте во моќта што ја поседувате, она што ќе ви помогне да се поврзате со луѓето и работите што ви носат радост. Кога мозокот почнува да размислува премногу или да се плаши, префлете го вниманието на нешто светло, радосно. Не е важно што ви се случило во минатото или што се случува околу вас сега, секогаш можете да направите избор да се ослободите од кругот на страдањето и паниката и да се запалите своето светло“, потенцира музичарот и додава:

„Смеата е најдобар лек, но солзите можат исто така да бидат моќно ослободување. Отпуштете го од себе секое чувство на осуда што можеби го имате во врска со тоа. Запомнете дека никогаш не сте сами, а ако ви треба потсетување за тоа, побарајте помош и поддршка и ќе се појави. Невозможно е да имаме контрола на сите работи околу нас, но кога ќе го свртите фокусот на она како вие сакате да се чувствувате, сè ќе се сврти кон вас во вид на помош. Го сакам и ми недостасува моето семејство и пријателите и едвај чекам да дојде тој радосен ден кога сите ќе бидеме во можност да се обединиме. До тогаш, држете ги вашите светла запалени“, е одличната порака на Дрејк.

Но, покрај неговите зборови, уште повеќе реакции имаше на  фотографиите на неговиот син Адонис, кој има неодоливо убава кадрава коса и крупни сини очи и ги освои сите симпатии веднаш.

 

Објавено:
31 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
957 пати
Тагови: 
сцена Дрејк син