Двејн Џонсон е најсекси маж на планетава

16 ноември 2016

Изборот на магазинот People за најсекси маж за изминатава година е единствениот Двејн Рок Џонсон.

Магазинот го најави актерот и ѕвезда на новиот анимиран филм „Moana“ како „сладок, паметен и згоден“.

Минатата година ова признание му припадна на Дејвид Бекам, додека годината пред таа најсекси маж на светот беше актерот Крис Хемсворт.

„Си помислив, значи вака изгледа кога ќе го достигнеш врвот. Не сум сигурен каде ќе одам после ова, мислам дека направив сѐ, тоа е тоа“, изјави 44 – годишниот актер во шоуто на Елен Деџенерис.

Во интервјуто тој вели дека најверојатно она што најмногу го прави секси е смислата за хумор.

„Мислам дека тоа што не се трудам да бидам секси, него едноставно сум кул и самоуверен во сите филмови. Мислам дека со помош на моите обожаватели стигнав до многу добро место“, вели актерот.

 Тој ја промовираше веста и неговиот нов филм во шоуто на Елен овој вторник, каде повторно изгледаше навистина секси!

Во август Форбс го прогласи за најплатениот холивудски актер со заработка од 64,5 милиони долари во периодот помеѓу јуни 2015 и јуни 2016.

Објавено:
16 ноември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.434 пати