Џастин Бибер ќе стане и дизајнер

18 јуни 2015

bieber-feature03

Пејачот Џастин Бибер веќе знае како изгледа да се биде модел, но неговата цел е дизајнерството.

Откако беше дел од кампањата на Келвин Клајн, која помина мошне забележано и со бројни коментари (позитивни и негативни), младиот пејач беше специјален гостин и на шоуто на брендот во Хонг Конг неодамна.

Бибер, кој во март наполни 21 година, ќе има свое појавување и во второто продолжение на Zoolander, а вели дека прашање на време е кога ќе направи свој комерцијален бренд за машка облека.

-Тоа што во модниот свет ме познаваат и ме прифатија, досега е одлично искуство. Возбуден сум што ќе лансирам нова линија. Ќе биде нешто сосема ново и нешто што отсекогаш ми се допаѓало и многу се радувам што одам во таа насока. Скам да бидам сигурен дека тоа што ќе го направам ќе биде совршено и исправно и сакам да му посветам онолку време колку што е потребно. Знам дека Канје Вест на неговите парчиња работел со години. Беше неуспешен, па се врати, па проба повторно и повторно беше неуспешен. Се работи за истрајност и правење грешки, а јас не знам дали сум сосема подготвен на тоа сè уште. Модата е дефинитивно нешто важно, но сакам да бидам сосема подготвен и на „неуспешниот “ дел, затоа што знам дека и тој доаѓа во пакет. Како и да е, сметам дека многу наскоро ќе се случи и модната линија, односно бренд  – вели Џастин Бибер.

calvin-klein03

Во последно време во медиумите беше најзастапен поради лошото однесување, неприкладното возење.

-И покрај лошите работи за мене и тоа како изгледам јас во јавноста, не верувам дека некој се посомнева во моите музички способности. Многу луѓе сакаа да се извинам, но не знам дали е баш тоа фер. Јас дефинитивно ќе преземам одговорност...како што растам и созревам, но никогаш нема да се извинам за тоа што сум човек и правам грешки. Сметам дека сето тоа е дел од процесот на растење и живеење и станување маж или жена. Процесот на учење е кул и среќен сум онаму каде што сум сега – тврди Бибер.

bieber-feature01

bieber-feature02calvin-klein046calvin-klein051

Објавено:
18 јуни 2015
Категорија: 
Сцена