Џастин Тимберлејк и Џесика Бил му го покажаа на светот нивното синче!

20 април 2015

Конечно, овој викенд хит мејкерот Џастин Тимберлејк му го покажа на светот неговото синче објавувајќи неверојатно позитивна фотографија на Инстаграм.

На истата, можеме да ја видиме неговата сопруга, прекрасната Џесика Бил како во своите прегратки го држи нивното синче Сајлас.

На фотографијата, јасно се гледа дека слаткото бебенце е облечено во мини дрес на кошаркарскиот тим Мемфис Гризлис каде неговиот татко има удел во сопствеништвото.

Двојката го потврди раѓањето на нивното синче Сајлас Рендал Тимберлејк на 11 април годинава, со тоа што веднаш појаснија дека имињата се комбинација на имињата на таткото и дедото на Џастин.

Она што беше интересно околу бременоста на Џесика, е тоа што ниту таа, ниту нејзиниот сопруг не сакале да го знаат полот на бебето сѐ до самото раѓање!

Објавено:
20 април 2015
Категорија: 
Сцена