Популарниот поп пајач Џастин Тимберлејк, за време на вториот дел од неговата турнеја “The 20/20 Experience World Tour,” носеше специјално изработени креации од англискиот дизајнер Неил Барет. Дизајнерот кој изработува само машка линија на облека и секогаш се движи во минималистички правец, овојпат и за големата музичка икона создаде креации, но и за танчерите на сцена. Во петокот во Абу Даби се одржа големиот концерт, а пејачот носеше минималистички парчиња декорирани со графички детали со инспирација од артистичното движење и архитектурата.
-Отсекогаш му се восхитувам на Џастин и како артист и како стилска икона. Да не ја спомнувам и неговата харизма која преовладува, вели дизајнерот и додава дека Тимберлејк направил многу достигнувања за модата, а задоволството да се работи со него не се опишува.
Ова не е прва соработка на Џастин со Барет, тој исто така создаде за пејачот неколку креации, вклучувајќи ја и онаа од минатата година за MTV Video Music Awards, како и специјални парчиња за неколку спотови.