Џеј Ло откачи за 50. роденден!

25 јули 2019

Џенифер Лопез вчера во некогашниот дом на Глорија Естефан во Мајами, вреден 32 милиони, го прослави 50. роденден, иако со оглед на временската разлика, забавата можеби и сè уште трае.

Во друштво на Алекс Родригез и уште 250 пријатели, меѓу кои и Ким Кардашијан, диџеј Калид, Ашанти и други, пејачката се потруди да овозможи забава која долго ќе се памети. На Инстаграм се појавија видеа од атмосферата, а Џеј Ло навистина откачи!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onJul 24, 2019 at 11:55pm PDT

 Таа освен со танц, ги почести присутните и со изведба на неколку песни, а токму од објавите на социјалните мрежи се гледа дека сите одлично си поминуваат.

Од она што може да се забележи, Џеј Ло носи металик фустан со отворени делови во пределот на половината на „Версаче“, косата ѝ е врзана во високо опавче.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk) onJul 25, 2019 at 1:25am PDT

 Инаку, како пренесуваат странските медиуми, Алекс за роденден ѝ подарил Порше, вредно 140.000 долари, а ден претходно ѝ го честиташе роденденот со емотивно видео и порака дека е најдобриот животен партнер што може да се има!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alex Rodriguez (@arod) onJul 23, 2019 at 7:27pm PDT

Забавата кулминирала и со огномет.

Дел од атмосферата видете во видеата, а светските медиуми очекуваат и нови детали наскоро.

 

 

 фото извор: Pinterest.com; tmz.com; instagram.com; 

Објавено:
25 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
6.643 пати