Џеј Ло впечатлива во фустан на пруги и шешир на шоуто на Ралф Лорен

17 октомври 2022

Џенифер Лопез и Бен Афлек, беа меѓу гостите кои го украдоа вниманието на шоуто на Ралф Лорен кој за прв пат одржа модна ревија на Западниот брег, односно во Сан Марино, Калифорнија.

За приликата, старо-новиот брачен пар беше стилски координиран во монохроматски, црни аутфити.

Џеј Ло изгледаше впечатливо во макси црн фустан на пруги, во крој на преклоп, акцентирајќи го изгледот со шешир. Бен Афлек пак, ја следеше истата оваа естетика, во комплетно црна елегантна комбинација. Очекувани, и двете комбинации го носат потписот на иконата на американскиот дизајн.

За својата свадбена церемонија, Џенифер Лопез му ја даде довербата токму на Ралф Лорен, кој специјално за неа изработи три ексклузивни венчаници.

Фото: Elle/Getty images

Објавено:
17 октомври 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
769 пати