Џејсон Момоа од када порачува да престанеме да користиме пластика!

10 јуни 2019

Џејсон Момоа долги години е познат како заштитник на околината и поборник против сите загадувачи на Планетата.

Во последното, ултра смешно видео што го објави на социјалната мрежа Инстаграм, тој се фокусира на пластичните шишиња за еднократна употреба, односно порачува да престанеме да ги користиме истите.

Откако неодамна ја избричи брадата и ги „запали“ социјалните мрежи со неговиот нов изглед, сега повторно го стори истото, овојпат со хумана цел.

Во видеото можеме да го видиме како им се спротивставува на оние што користат пластични шишиња, но наидува и на професионалниот борач Мада со кој има сериозен судар.

Нешто подоцна, можеме да го видиме како одмара во када со модрици на окото додека пие вода од стаклена чаша, каква што е и пораката на видеото и целиот проект, додека до него седи Мада.

Инаку, тој е сопственик на компанијата Мананалу која произведува конзервирана вода како алтернатива на пластичните шишиња за еднократна употреба.

Инфо и фото: Bored panda

Објавено:
10 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
397 пати