Џек Николсон: Јас сум тоа што сум и вашето одобрување не ми е потребно

22 април 2020

Фантастичен актер. Заводник. Шмекер. Проблематичен. Премногу директен. А слаткоречив. Фраер. Талент. Вредност... Сè тоа спаѓа во описот за Џек Николсон.

Актерот денеска го прославува својот 83 роденден и еден е од малкумината на овој свет веројатно, што може да  каже дека во животот пробал и искусил сè.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by O. R (@hobbit_marvel) onApr 22, 2020 at 5:02am PDT

 Дури во една пригода и самиот ќе рече: „Се гледав со сите жени, ги пробав сите дроги, ги пиев сите пијалаци“. Тој е еден од оние што видел како изгледа животот кога не те гали и кога ти дава сè. 

Изгледа, во животот на Николсон, никогаш и не постоела средина.

За детството:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@littlelidsboston) onApr 21, 2020 at 3:38pm PDT

Џек Џозеф Николсон е роден во Њу Џерси. Син е на Џун Френсис, која работела како забавувач, а на 18 години се „омажила“ за шоуменот Доналд Фурчило. Но, излегло дека тој веќе бил женет. Нема конкретни информации дали тој е таткото на Џек, или пак менаџерот на Џун, бидејќи таа никогаш не сакала да зборува за тоа.

Со оглед на тоа дека била мошне млада кога останала бремена, а притоа и немажена, ненјзините родители одлучиле да го одгледаат Николсон како свое дете, а неговата мајка всушност да глуми дека му е сестра.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jack Nicholson (@jack__nicholson__) onMar 25, 2020 at 9:30am PDT

Детството го поминува во Њу Џерси каде останува до крајот на средното образование, а во 1957 година ќе се приклучи кон Воздушната национална гарда, каде ќе помине повеќе од две години. Сепак, нема искуство со војните.

Во 1974 година, магазинот „Тајмс“ ја открива вистината, но неговата мајка и баба веќе биле починати. Подоцна, Николсон ќе изјави дека кога ја открил вистината, тоа било страшно трауматично искуство за него. „Целиот свет ми се сруши“, ќе изјави во една пригода.

 

За популарноста:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jack Nicholson (@jack__nicholson__) onJul 15, 2019 at 8:15am PDT

Џек првпат ќе го посети Холивуд во 1954 година, која има 17 години и тоа во посета на својата родена сестра. Се вработил во канцеларијата на МГМ студио, каде работел на анимација. После некое време, ќе му понудат постојано вработување, но тој ќе ја одбие понудата, бидејќи ќе сака да си ги проба шансите со актерството.

Првата посериозна улога и прво деби појавување на камера го има во 1958 година во нискобуџетната тинејџерска драма „Cry baby killer", по што следуваа низа појавувања во слични нискобуџетни серии што ги работел со истиот продуцент Роџер Корман, вклучувајќи ги тука и улогите во црната комедија од 1960-та „Little shop of horrors", следува филмот „The Terror" од 1963 година, „Bacк door to hell" од 1964, потоа „Ride in the whirlwind" од 1965 година и „The Shoting" од 1966 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by #OnThisDay (@datedtoday) onApr 22, 2020 at 6:01am PDT

 Кога почнал да губи надеж дека ќе успее да оствари некој поголем успех како актер во Холивуд, Џек ќе почне да се интересира и за тоа што се случува зад камерата, па ќе се обиде да биде и писател и режисер. Во еден негов филм ќе играат Питер Фонда, кој ќе биде импресиониран од младиот Николсон и Денис Хопер. Остварувањето не доживеало успех, но зборовите што ги добивал од колегите, го охрабриле.

Своето прво поголемо актерско појавување му е во филмот „Easy Rider" од 1969, каде глуми адвокат кој има проблеми со алкохолот. Со ова актерско остварување беше номиниран за престижната награда „Оскар", во категоријата за најдобра споредна машка улога. Следната година Николсон се појави во филмот „Five Easy Pieces" и повторно беше номиниран за златната статуетка но овој пат во категоријата за најдобра машка улога. Во 1973 година со улогата на поморски офицер во филмот „The last detail", повторно се најде во трката за Оскар за најдобра машка улога. Со брилијантното одигрување на улогата како приватен детектив во филмот „Chinatown" од 1974 година во режија на Роман Полански, Николсон ја доби четвртата номинација за Оскар.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cinemaginando (@cinemaginando) onApr 22, 2020 at 6:01am PDT

Својот прв Оскар во категоријата најдобра машка улога го добива во 1975 година за улогата во филмот „One flew over the cuckoo's nest". Филмот е базиран на приказната од позната новела на Кен Кизи, а Николсон игра осуденик кој е сместен во ментална институција каде што медицинските сестри и доктори ќе се обидат да го „скршат" неговиот бунтовен дух.

Во 1980-та година, Николсон ја одигра можеби и најдобрата улога во својата кариера како чувар во еден мрачен хотел во филмската адаптација на филмот „The Shining" во режија на Стивен Кинг. Во годините кои следат актерот ќе оствари неколку брилијатни изведби на филмското платно за кои што слободно можеме да кажеме дека ќе ја одбележат деценијата. Вториот Оскар за најдобра споредна машка улога го добива во 1981 година за улогата во филмот на Јуџин О'Нил, „Red". Следат легендарните филмски остварувања во „Terms of eadearment" од 1983 година, па потоа улогата на Џокер во мега популарното продолжение на филмот „Bаtmаn" од 1989 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Redefining Cinema (@breathing.movies) onApr 22, 2020 at 12:00am PDT

Неверојатниот темперамент и енергичноста ќе бидат заштитен знак на Николсон во неговите актерски појавувања и во 90-тите години. Тој ќе фасцинира со своите појави на филмскиот екран во филмовите „A few good man" од 1992 година и „As good as it gets" од 1997 година каде игра мизантропски писател и ја добива и третата златна статуетка Оскар во категоријата најдобра машка улога. Признанијата за неговите блескави изведби се нижеа низ годините како и филмовите, „About Schmidt" од 2002 година, „Anger management" и„Something gotta give" од 2003 година, и „The departed" од 2006 година.


За жените:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Old Fashion Goddess (@movie_stars_gallery) onApr 20, 2020 at 5:51pm PDT

Неретко знае да изјави дека ја имал која жена и да посака и дека преку 2.000 жени биле со него во кревет. Но, дури ни поранешните девојки на кои им бил неверен немале грди зборови за него. Од тие 2.000 жени, само една успеа да му биде законска сопруга. Се работи за актерката Сандра Најт, со која имаат и ќерка Џенифер, а бракот со неа трае шест години.

Сакајќи да ја надминат брачната криза, двојката ќе побара помош од психијатар, кој пак на нив ќе испроба една неконвенционална техника, односно третман со психоделични дроги. Тоа искуство толку ќе му се допадне на Николсон, што ќе продолжи да се дрогира, а Сандра не била воопшто импресионирана и бракот секако се завршува со развод во 1968, непосредно пред да започне период на неверојатна слава.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Wine Jam (@jamofwine) onApr 16, 2020 at 7:14am PDT

 Во медиумите кружеше информација дека Николсон последниве години се повлекол од филмскиот свет поради проблемите со помнењето, но тој тоа никогаш ниту го потврди, ниту го демантираше. Она што често знае да го повтори е дека неговото мото е: „Живеј сега“ и „Што повеќе забава“. 

И понатаму живее во куќата од 330 квадратни метри на Мулхоланд драјв која ја купи во 1969 година за 80.000 долари. Соседи му бил Марлон Брандо и Ворен Бити, а останатите соседи морале да се привикнуваат на гласниот и забавен начин на живот на тројцата познати боеми.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Traveling Gentleman (@travelinggentleman) onApr 22, 2020 at 6:02am PDT

Подоцна, сакајќи да си ја загарантира приватноста, како и да има каде да ја смести својата богата колекција слики, ќе ги купи двете соседни куќи.

Во текот на животот не криеше дека неограничено се дрогирал и пиел. Во една пригода, Робин Вилијамс ќе рече дека Николсон е веројатно единствениот човек на светот на кој гитаристот на „Ролингстоунс“, Кит Ричардс му рекол: „Слушај Џек, сега морам да одам дома“. Но, исто така беше искрен и кога соопшти дека тоа повеќе не го прави.

Години наназад, најголемиот дел од времето го поминува во својот дом, каде како што вели, храната е подобра отколку во ресторани, гледа серии и чита книги за философија, Херман Хесе и детективски романи.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Films & Series (@allabout_cinema__) onApr 10, 2020 at 3:01am PDT

„Животот ми се смени. Веќе не уживам во работите во кои порано уживав. Не лудувам, не трчам по жени. Сега тоа е само игра која не е вредна труд. Последните три пати кога бев во Њујорк, ниту една вечер не излегов од хотелската соба“, ќе изјави пред неколку години.

Бурен живот, исполнет со љубов и неверства, слава, алкохол, дрога, успех, среќа и тага, но секогаш останувал доследен до она што е, затоа и во една прилика ќе изјави: „Јас сум тој што сум, вашето одобрување не ми е потребно“.

Објавено:
22 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.386 пати
Тагови: 
Џек Николсон