По цели 36 години од објавувањето на „Control", пејачката Џенет Џексон го рекреираше нејзиниот легендарен изглед од омотот на албумот од 1986 година.
Фото: pagesix.com
Фото: pagesix.com
Во саботата, 56-годишната добитничка на Греми, се појави на 37-та годишнина од церемонијата Rock & Roll Hall of Fame Induction Ceremony, во целосно црн изглед кој совршено го преслика стајлингот од „Control".
Фото: pagesix.com
Фото: pagesix.com
Дизајнерот Кристијан Сириано за музичката икона креираше црна јакна со високи јака, високи раменици и панталони со широки ногавици. За пригодата, пејачката ја рекреираше дури и популарната фризура од омотот и се појави со кренати и тапирани кадрици поставени на страна, стил кој беше особено популарен во 80-тите години на минатиот век.
Пејачката се појави на церемонијата во чест на соработниците Џими Џем и Тери Луисна, на кои им ги додели наградите за најуспешно продуцентско дуо на сите времиња и ги воведе во Куќата на славните. Тие го продуцираа нејзиниот трет албум, „Control", во 1986 година.
Фото: pagesix.com
Фото: pagesix.com