Џенифер Анистон атрактивна и моќна во едиторијал за Harper’s Bazaar

15 септември 2017

Во октомврискиот број на магазинот Harper's Bazaar главна ѕвезда, а воедно и лик од насловната страна, е холивудската миленичка Џенифер Анистон.

Во многу искрен, опуштен и женски муабет со комичарката Еми Седарис која ја интервјуира Анистон, опфатени се неколку актуелни теми, помеѓу професионалниот и приватниот живот на актерката.
Зборуваат за задничкиот живот со нејзиниот сопруг Џастин Теру, за ентериерниот дизајн како нивна заедничка љубов, а воедно и пасија.

„Создавањето дом, градењето куќа, велат дека може повеќе да го сплоти или да го раздели парот", вели Анистон во дел од интервјуто.

Во разговорот актерката се присетува и на нејзиното детство, кога се уште живеела со своите родители во скромен дом и немале финансиска можност да си препуштат скап мебел, па често со нејзината мајка посетувале антикварници и го реставрирале мебелот создавајќи си пријатен амбиент.

Продолжуваат и за теми кои се однесуваат на личната нега, за нејзините дневни ритуали, како и за новиот парфем за жени, Jennifer Aniston Luxe.

„Кога Џастин ми го стави на рака вереничкиот прстен, се погледнав и си реков, уф сега морам постојано да правам маникир", се пошегува актерката алудирајќи дека не сака да губи многу време на тоа.

Инаку, на фотографиите што се веќе објавени на Harper's Bazaar, Џенифер изгледа божествено. На една фотографија носи фустан од Балман што вреди неверојатни 21.460 долари и обетки и прстен од Tiffany & Co. што чинат уште поневеројатни 625,000 односно 815,000 долари.

Фото извор: Harper's Bazaar

Објавено:
15 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.098 пати