Магазинот People ја прогласи Џенифер Анистон за најубава жена на светот за 2016 – та година, со што сосема заслужено, таа по втор пат ја освои оваа титула.
Прекрасната 47 – годишна актерка ја краси насловната на магазинот со широка насмевка и секси фустан со цветен принт.
Во ексклузивното интервју за People таа говори за тајните на нејзината неприкосновена убавина, за сопругот Џастин Теро и за сето она што ѝ пречело додека растела.
„Бев многу возбудена кога ја дознав веста дека по втор пат ја добивам оваа титула, возбудена како тинејџерка и многу, многу почестена“, вели актерката во интервјуто.
За нејзината убавина и за тоа како ја одржува ќе каже дека три пати во текот на денот консумира специјални витамини за кои ќе каже дека се исклучително добра работа.
Секако, покрај сета здрава храна и витамините, таа вежба цел час, шест дена во неделата, три дена оди на јога и секој ден прави кардио вежби во нејзиниот дом.
„Сакам да се грижам добро за себе, па ова е единственото тело што го имам“, додава таа.
Таа ќе каже и дека за да изгледаш убаво однадвор, треба да имаш голема самодоверба во себе, внатрешен мир, добрина, чесност...
„Уживајте во предизвиците и не срамете се ако работите што ги сакате нема да тргнат на добар пат. Не дозволувајте си да се разочарате од неуспесите и од она што луѓето го мислат за вас. Тоа е само врева што не ви е потребна“, вели Анистон.