Џенифер Анистон и Бред Пит го поминуваат карантинот заедно

1 април 2020

Откако на „Златните глобуси“ дозволија да види светот дека сè уште се во одлични односи, не престануваат гласините за тоа дали Бред Пит и Џенифер Анистон се повторно заедно или не.

Изминатиов период пак, се шпекулираше дека актерот има нова девојка, но сепак најновите информации се во корист на омилената холивудска двојка Анистон-Пит.

Како пренесува извор за магазинот „Стар“, тие двајца во овој период на изолација, времето го поминуваат заедно во домот на Анистон.

Ова ги израдува обожавателите ширум светот, кои навиваа големата љубовна приказна да се врати. Воедно, многумина коментираат дека ова ќе биде уште еден тежок удар за Анџелина, со која Пит е во судски спор околу старателството на децата, така што таа борба допрва нема да биде лесна.

Што ќе произлезе од оваа обновена романса, останува времето да покаже. Она што е сигурно е дека овој текст е нашата првоаприлска шега :).

Во вакви времиња кога сме опкружени со лоши вести и страв, хуморот е она што на сите ни е потребно. 

Сепак, би било вистински бум да е вистина, зар не :)?

Објавено:
1 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
14.528 пати
Тагови: 
Пит Анистон