Џенифер Анистон повторно го сруши Инстаграм со последното селфи

3 јуни 2021

Телевизиското шоу на „Пријатели“ и повторното нивно обединување предизвика (различни) емоции кај публиката, но и кај актерите.

Се' уште се зборува за одредени секвенци и се откриваат тајни од на многумина омилената серија во историјата.

Џенифер Анистон честопати за овој период истакнуваше колку ѝ значат годините поминати во снимањето, но и актерите кои со текот на времето од телевизиски, станале и вистински пријатели. 

Нејзината последна фотографија на Инстаграм е уште едно селфи со славната шесторка, кое за неполн ден собра преку шест милиони лајкови.

 Инаку, секој од „Пријателите“ за специјалната епизода добил 2.5 милиони долари. А уште поинтересно што Warner Bros секоја година заработува околу милијарда долари од авторски права, а секој од актерите добива по 2% од овој износ, односно околу 20 милиони годишно. Па дури и ништо веќе да не снимат и со ништо да не се занимаваат, ова е доволно за да се обезбедени до крајот на животот.

За потсетување, нивните хонорари во првата сезона изнесувале околу 22.000 долари по епизода, додека пак, во последната сезона, од епизода земале по еден милион.

Објавено:
3 јуни 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.534 пати