Џенифер Гарнер ја толкува главната улога во најсмешниот филм годинава

18 март 2021

Актерката Џенифер Гарнер ја толкува главната улога и е продуцент на можеби најсимпатичниот и најсмешен филм кој ќе го гледате сезонава. Станува збор за филмот Yes Day, каде родителите во текот на еден цел ден, мораат да одговорат на барањата на своите деца со едно едноставно ДА.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Yes Day (@yesdaynetflix)

Филмот е во продукција на Нетфликс, а родителите ширум светот почна да го применуваат овој ден во секојдневието.

Во едно интервју за Вог, и самата актерка вели дека го применува ова правило со своите деца, па ненадејно знае да ги изненади со еден Уеs day. Вели дека децата не бараат ништо спектакуларно тој ден, освен сладолед за појадок или спиење во дворот на отворено. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Yes Day (@yesdaynetflix)

Филмот треба да биде достапен на Нетфликс на 12 мај, а во него, покрај Гарнер се појавуваат и Едгар Рамирез, Џена Ортега, Џулијан Лернер. 

Објавено:
18 март 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.040 пати