Џенифер Лопез (52) никогаш посекси на насловната на „Rolling Stone“

8 февруари 2022

Во период кога се очекува премиерата на нејзиниот нов филм „Marry me", закажана за 11 февруари, медиумското присуство на Џенифер Лопез не можете да го игнорирате.

52-годишната ѕвезда е и на насловната на мартовското издание на магазинот „Rolling Stone" и изгледа посекси од било кога.

Носи провокативен костум-комбинезон со ултра длабоко деколте од пролетната колекција на Балман, со што е ставен акцент на нејзината совршена линија за која секогаш посочува дека макотрпно работи за да се одржува во форма.

Интервјуто на тема „Како ги прекрши сите правила за да дојде до врвот", е проследено со фотосесија која повторно става светло на нејзината женственост и сексапил, кои иако не се вклопуваат во „калапот" за совршен холивудски изглед, таа успеа да ја промени перцепцијата.

Во интервјуто иако говори за нејзиното созревање и како изгледал патот до светската слава, сепак останува резервирана за нејзината врска со Бен Афлек.

„Нема да зборувам за тоа. И двајцата пораснавме. Исти сме, а различни. Во тоа е убавината.", вели Лопез во интервјуто.

Инаку, во новата романтична комедија „Marry me“, покрај Џеј Ло, во водечката актерска екипа се и Овен Вилсон и Малума со кој пејачката сними и дует како најава за филмот.

Објавено:
8 февруари 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
720 пати