Џенифер Лопез доби тужба поради фотографија на Инстаграм

21 април 2020

Њујоршкиот фотограф Стив Сендс поднесе тужба против Џенифер Лопез, поради како што се наведува во судските документи, прекршување на авторските права, откако познатата пејачка и актерка објавила фотографија на Инстаграм, без да побара дозвола од авторот, пренесува E!.

Фотографот бара отштета од 150.000 долари од ѕвездата и нејзината продукциска компанија „Nuyorican Productions", за фотографија која според него била искористена за комерцијални цели, а е објавена на нејзиниот Инстаграм профил што го следат над 119 милиони следбеници, на 22 јуни, 2017 година и истата има над 656.000 допаѓања.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onFeb 2, 2020 at 10:30pm PST

„Ова е пример како познатите ги користат фотографиите на фотографите без нивна дозвола, за да се брендираат себеси на социјалните мрежи. Бројот на допаѓања што ги добива фотографијата заедно со бројот на следбеници на Инстаграм профилот, се алатка за комерцијализација на постовите", вели адвокатот Ричард Лебовиц.

Ова не е прва ситуација во која Џенифер Лопез се соочува со тужба по основа за прекршување на авторски права за фотографија. Во октомври 2019 година, „Splash News" и „Picture Agency" поднесоа тужба против неа, за објава на фотографија на Instagram story, на која таа е фотографирана заедно со Алекс Родригез, притоа без да побара одобрување од авторите.

За новиот случај, се уште се чека коментар од адвокатот на поп ѕвездата, пренесува Е!.

 Фото: Инстаграм

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onMar 16, 2020 at 10:20am PDT

Објавено:
21 април 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.010 пати
Тагови: 
Џенифер Лопез