Фасцинантната 45 – годишна пејачка Џенифер Лопез доминираше на црвениот килим на годинешното издание на еден од најпознатите модно – музички настани Fashion Rocks.
Таа се појави во долг црн гламурозен и истовремено ултра секси фустан на Ателје Версаче со длабок шлиц кој на неверојатен начин ги истакнуваше нејзините совршени нозе!
Jennifer Lopez
Покрај тоа што таа буквално ги воодушеви сите присутни на црвениот килим во фантастичната тоалета од брендот, за време на нејзиниот настап во текот на вечерта, уште еднаш докажа дека дефинитивно не старее и дека е во подобра форма од кога и да е.
На сцената таа се појави во светкаво кусо фустанче кое го покриваше само горниот дел од нејзиното тело, во комбинација со сребрена долна облека и секси високи чизми. Заедно со нејзините танчери, таа буквално ја запали сцената изведувајќи го нејзиниот последен хит Booty кој за кратко време стана ултра популарен ширум планетава.
На црвениот килим, но и внатре на сцената во Беркли Центарот во Бруклин, навистина имаше што да се види.
Joan Smalls
Во неверојатно блескави изданија се појавија и секогаш прекрасната Наоми Кембпел која овојпат се одлучи за кусо бело фустанче со светкави детали и пуштена долга коса како нејзиниот заштитен знак, а подеднакво впечатлива беше и манекенката Каролина Куркова која исто така ја одбра белата боја за овој настан.
Naomi Campbell
Манекенката на Викторија Сикрет, Лили Олдриџ се одлучи за краток топ со животински принт во комбинација со црни класични панталони – комбинација што и прилегаше совршено!
Lily Aldridge
Одлични и неверојатно енергични настапи вечерта имаа и неверојатно актуелната Ники Минаж, миленикот на женската публика Енрике Иглезијас, популарниот Пит Бул, но и Џејсон Деруло, Ашер кој на сцената се појави со прекрасната Џордан Дан, како и култните Кис, Дуран Дура, Рита Ора и фамозната Латрис Ројал.