Џенифер Лопез го има најпосакуваниот летен фустан

29 јуни 2018

Пејачката и актерка Џенифер Лопез, деновиве одмора во Хемптонс во друштво на партнерот Алекс Родригез и близнаците Макс и Ема. 

Она што на модните магазини им го привлече вниманието е нејзиниот избор на облека при прошетка со семејството. Џеј Ло се појави во најпосакуваниот фустан за сезонава, а со потпис на брендот „Reformation“. Во горниот дел е на преклоп, додека здолништето завршува со карнер. Принтот со дискретни риги го прави уште попривлечен, како и врзувањето на половина. 

оригиналниот модел од „Reformation“

Пејачката го искомбинира со сандали на платформа, а за совршениот летен изглед придонесе и природната кадрава коса, лицето без шминка и очилата за сонце.

Како обожавател на големите округли обетки и овој пат најде начин да ги вклопи во стајлингот и да изгледа одлично. 

Инаку, пејачката следниот месец ќе наполни 49 години, а очигледно многу време посветува и на нега на духот и на телото, бидејќи го одржува одличниот изглед со години. 

Ако размислувавте со што да се подновите летово, можеби токму оваа комбинација ќе ви биде интересна и инспиративна.

Објавено:
29 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.352 пати
Извор: 
daily mail