Џенифер Лопез како Мадона на Ноќ на вештерките

2 ноември 2020

Американците викендов го прославија празникот „Halloween“. Иако голем број од познатите се откажаа од своите традиционални забави со маски, тоа не спречи дел од нив сепак да се маскираат.

Џенифер Лопез на социјалните мрежи сподели фотографии од тоа како изгледала нивната интимна забава дома, а инспирацијата биле 80-тите.

Пејачката одлучи макар на еден ден да биде Мадона. Нејзината „маска“ наиде на различни реакции, од оние кои велат дека изгледа одлично и секси, до такви кои посочуваат дека маската е едвај М од Мадона.

Нејзиниот парнер Алекс Родригез беше облечен исто така во стилот на 80-тите како Брус Спрингстин, иако многумина се пошегуваа дека спортистот изгледа како возрасен „карате-кид“.

Години претходно, во медиумите имаше гласини дека Арод и Мадона се во романтична врска. Таа во една пригода ги демантираше гласините, а тој не. Тоа беше уште една причина што Џенифер привлече големо внимание со изборот на маска.

Во продолжение погледнете ги фотографиите.

Што мислите вие за нејзиниот костим?

 

фото: Инстаграм/Џенифер Лопез

Објавено:
2 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
677 пати