Џенифер Лопез како снежна кралица во бел комбинезон

12 декември 2018

Секое нејзино јавно појавување предизвикува внимание. И со причина. Џенифер Лопез никогаш не остава ништо на случајност кога е во прашање нејзиниот имиџ.

Деновиве во Њујорк таа беше фотографирана во перфектно зимско издание. Во бел комбинезон од Стефан Роланд, надополнет со крзнен шал и бела наметка – Лопез е модерно олицетворение на снежна кралица.

Оваа комбинација е соодветен пример како се комбинираат бели парчиња, а при тоа истата да не изгледа досадно и монотоно, напротив, носи доза на отменост и луксуз.

Фото: Getty

Објавено:
12 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.412 пати