На неодамна одржаното модно шоу на Балман во Париз, каде Оливие Рустенг ја промовираше пролет-лето 2021 колекцијата, Џенифер Лопез била една од специјалните гостинки.
Во изолиран дел, Џенифер индивидуално ја следела ревијата преку монитори, но тоа не било причина да не се појави во најатрактивното можно издание, се разбира со потпис на луксузната етикета.
Вчера на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од нејзиниот аутфит на шоуто на Балман во Париз, па очекувано следуваа бројни коментари и комплименти упатени на сметка на нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија од животот.
Инаку комбинацијата вклучува сет од сексапилен мини фустан со потенцирано деколте и блејзер со нагласени рамена, совршено прилагодени на препознатливиот стил на поп иконата.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram