Џенифер Лоренс е природна убавица во новата кампања на Диор

24 февруари 2015

Иако таа беше една од ретките холивудски диви што не се појавија на годинешните Оскари, прекрасната Џенифер Лоренс деновиве ги изненади нејзините обожаватели со одличен едиторијал за нејзината „матична“ модна куќа Диор.

Дваесет и четиригодишната актерка уште еднаш докажа дека и како модел е беспрекорна, презентирајќи ги новите чанти на модната куќа од колекцијата „Be Dior“.

На фотографиите, таа позира во неколку одлични комбинации меѓу кои и елегантен црн фустан до под колената, црно – бела комбинација составена од здолниште и свилена кошулка без ракави и еден неверојатно шик сив фустан со длабок шлиц.

Целата фотосесија ја фотографираше Паоло Роверси во еден сосема минималистички, целосно бел амбиент, со цел да се долови „природната аура на актерката“.

Придружнички на Лоренс во кампањата, и овојпат се неодоливи Диор чантички што овојпат ги има во неколку бои, почнувајќи од црна, па сѐ до шармантно жолта.

„На почетокот им кажував на сите дека сум актерка, не сум модел. Не сакам тоа да го мислат за мене. Од неодамна, ја открив убавината на високата мода. Првата колекција на Раф Симонс за Диор, едноставно ме остави без зборови и така почна сѐ“, изјави актерката за нејзината соработка со Диор.

Објавено:
24 февруари 2015
Категорија: 
Сцена