Познатата актерка Џенифер Лоренс се омажи со нејзиниот партнер Кук Маруни на гламурозна забава во Њујорк во неделата.
Очекувано, за венчавката таа одбра неодолива романтична венчаница од брендот L.Wells кој е познат по ваквите фантастични фустани.
Фустанот таа го комбинираше со чевли на Касадеи во иста нијанса, мини чантичка и минималистички накит.
Прекрасната коса на актерката овојпат беше собрана во „неуредна“ пунџа како една од најстилските фризури за оваа свадбена сезона. Што се однесува до шминката, Лоренс одбра нежна шминка со нагласени очи и кармин во боја на кожата.
Таа е во врска со Маруни речиси една година, а овој февруари актерката потврди дека тој ја побарал за жена.
Инаку, Маруни е сопственик на познатата галерија Галдстоун каде се продаваат дела од некои од најголемите уметници во светот.
Инфо и фото: Daily Mail