Во тек е филмскиот фестивал во Венеција, а вчера се случи премиерата на филмот „Мајка!“ со одлична актерска екипа што ги вклучува Џенифер Лоренс, Хавиер Бардем, Ед Харис, Мишел Фајфер, Брајан Глисон...
Но, освен филмот, вниманието на медиумите го привлече и појавата на Џенифер Лорес. Таа остана доследна на куќата „Диор“ која за оваа пригода изработи фустан во кој изгледаше како нежна, романтична принцеза.
Здолништето е волуменозно и изработено од многу слоеви тул, додека горниот слој е со црн тул со точки. Горниот дел е во ист тон со здолништето, збогатен со цветен принт.
Поради екстравагантноста и бројните слоеви, ова е веројатно еден од најтешките фустани што некогаш ги носела, но не потклекна пред предизвикот.
Инаку, изгледот го надополни со дијамантски ѓердан од Tiffany&Co. вреден 37.000 долари.
Што се однесува до филмот, режисер е Дарен Аронофски, а во продукција на „Парамаунт Пикчрс“.
фото извор: popsugar.com