Џесика Алба е во Дубровник: Овој град е неверојатен!

12 јуни 2019

Познатата холивудска актерка Џесика Алба деновиве е во Дубровник, како што пренесува сајтот croatiaweek.com.

Поводот за нејзиниот престој во еден од најпосетените туристички центри на Јадранското море, е нејзиното учество на конференцијата New Europe Market (NEM), што важи за еден од најзначајните и најмасовните настани во телевизиската индустрија во регионот.

Алба е специјална гостинка на настанот, каде што го промовира американскиот телевизиски серијал - драмата „L.A.'s Finest".

Секако, 38-годишната актерка ја користи приликата да го доживее Дубровник во неговото најмагично издание, па не пропушта да ги посети неговите културни знаменитости, како и популарните места за кафе, добро вино и рестораните со вкусна морска храна.

„Ова место е неверојатно! Храната, Јадранското море, се е воодушевувачко!", напиша Алба  во пост на својот Инстаграм профил.

Извор: croatiaweek.com

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) onJun 11, 2019 at 10:34pm PDT

Објавено:
12 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.463 пати