Џесика Алба повторно е бремена

18 јули 2017

Една од омилените холивудски актерки-мајки, Џесика Алба, на својот Инстаграм профил откри убава вест: бремена е по трет пат.

 

Веста која ги израдува нејзините фанови ширум светот, ја објави со симпатично мини видео на кое се појавуваат и нејзините две ќерки, деветгодишната Хонор Мари и шестгодишната Хевен Гарнер.

Со оглед на тоа дека таа важи и за една од најдобро облечените актерки, веруваме дека со нејзиниот труднички стил ќе биде инспирација за многу жени кои се во блажена состојба.

Инаку 36-годишната актерка стапи во брак со својот избраник Кеш Ворен во 2008-ма година.

 

 

@cash_warren and I are officially going to be outnumbered #babyonboard #herewegoagain #blessed

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba) onJul 17, 2017 at 4:06pm PDT

Објавено:
18 јули 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.099 пати