Џесика Алба во совршена комбинација на здолниште со кошула

5 октомври 2016

На ревијата на Валентино која се одржа на втори октомври во рамките на Модната недела во Париз, помеѓу гостите беше и убавата актерка Џесика Алба која воодушеви со изборот на стајлинг за овој настан.

Секако сите парчиња се потпишани од Валентино, но особено воодушевува начинот на кој таа ги комбинирала.

Црвеното транспарентно здолниште изработено од тантела и тул, Џесика го носи врз долга плава кошула во машки крој и „ѕирка" под здолништето.

Комбинацијата е надополнета со црни високи потпетици со ременчиња и чанта со кратка рачка, а црвениот кармин е задолжителен кога е во прашање нејзиниот мејкап.

 

Објавено:
5 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.835 пати