Џесика и Џастин Тимберлејк во тренди комбинации на премиерата на серијата „Candy“

11 мај 2022

Во Лос Анџелес неодамна се одржа премиерата на новата серија „Candy“, во која главната улога ја толкува Џесика Бил.

Таа на црвениот килим се појави во друштво на сопругот Џастин Тимберлејк, а и двајцата го привлекоа вниманието со тренди комбинациите.

Џесика се појави во широки бели панталони и краток топ, додека Џастин се одлучи за сиво одело со асиметрично закопчување и кошула со принт.

Двојката ретко се појавува заедно на свечености, па токму затоа и големото внимание на медиумите. 

Инаку, серијата „Candy" е снимена според вистинска приказна за Кенди Монтгомери, домаќинка која била обвинета за убиството на нејзината добра пријателка Бети Гор во 1980 година во Тексас. Кенди имала афера со сопругот на Бети, Ален.

Објавено:
11 мај 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
489 пати