Познатиот модел Џиџи Хадид, вчера на својот Инстаграм профил објави видео во кое за првпат го покажа трудничкиот стомак.
Како вели во објавата, не сака јавно да ја експонира својата бременост затоа што смета дека „тоа не е најважната работа на светот“.
Таа додава дека во време кога светот се бори со пандемија, па се појави и движењето „Black Lives Matters“, јавниот простор познатите личности треба да го искористат за општо добро.
„Сметам дека покрај тоа, бременоста е приватна работа и не е нешто што треба да го споделам освен со моето семејство и пријатели. Очигледно, голем број луѓе ги изгубија своите животи за време на корона вирусот, кое почна со карантинот и уште се случува. Не брзам да ги споделувам вестите. Едноставно, не сакам во текот на бременоста да се будам секое утро загрижена и да се заморувам со тоа дека морам да изгледам слатко или дека морам да објавам нешто во врска со тоа“, вели моделот.
Целото видео е во продолжение:
View this post on Instagram