Џоан Смолс: Топ модел чиј стил се изгради со најдобрите

5 август 2014

За топ моделот Џоан Смолс не постои временска модна машина. Иако е доста млада, а својата манекенска кариера ја почна во 2007-та година, Смолс речиси остана непроменета во однос на имиџот кој го негува. За оваа црномуреста убавица олеснителна околност е тоа што секогаш работи со најдобрите во модната индустрија, па токму оттука може да се претпостави зошто  секогаш на себе ги има најдобрите стајлинзи. Откако од родното Пуерто Рико дојде во Њујорк за да ја гради својата кариера, Смолс од секоја професионална,  но и приватна страна, чекореше само во нагорна линија. Џоан уште од 2009 година постојано ја „следи“ среќна ѕвезда, па оттука листата на сите нејзини насловни страни, ангажмани на модни писти и  соработки е огромна.

2007 2007

Шанел, Прада, Гучи, Живанши, Марк Џејкобс, Ланван, Александар Ванг, Луј Витон, се само мал дел од еминентните модни  имиња на кои дефинитивно им е миленичка. Дека тоа е така потврди и Форбс во 2013 година кога ја прогласи за осми најплатен и најангажиран модел. Во 2012-та, Џоан Смоалс беше прогласена и за модел на годината од страна на легендарната Иман. Кога станува збор за нејзиниот стилски печат надвор од модните писи, убавата и егзотична латино манекенка остава без зборови со својата женственост, сексапил и специфичност од изборот на парчињата што ги носи.

2010 2010

Без разлика дали е на прошетка низ њујоршките улици или пак присуствува на некоја свеченост, таа едноставно како магнет ги привлекува сите погледи. Свесна за својата физичка совршеност, Џоан практикува да носи кроеви што ја истакнуваат линијата на телото, па затоа на црвениот килим најчесто можеме да ја видиме во припиени тоаалети и коктел фустани.

2014 2014

Кога пак е на улица преферира спортска елеганција, односно комбинации од женствени и спортски парчиња. Омилени нијанси и се металикот, а токму таквите текстури и се изборот за присуство на значајни и свечени настани. Таа е инспиративна во секој поглед, а додека ја разгледувате галеријата од годините наназад па до 2014-та нема да забележите голема промена во нејзиниот имиџ, но ќе заклучите дека има цврсти ставови кон тоа што сака да има на себе и да го истакне најдоброто.

Објавено:
5 август 2014
Категорија: 
Сцена