Џоли и Мекартни лансираат заедничка детска колекција со Дизни

21 март 2014

Актерката Анџелина Џоли која моментално е актуелна со улогата на злобната вештерка во истоимениот филм на Дизни, „Maleficent“ (Злобната вештерка) заедно со дизајнерката Стела Мекартни, лансираа заедничка детска колекција. Линијата вклучува осум стајлинзи за момчиња и девојчиња на возраст од четири до 14 години. Колекцијата содржи маици, тренерки, фустани стилот на принцезите на Дизни, како и сандали. Официјалната промоција е закажана за крајот на месец април, пред  премиерата на филмот што пак  е закажана за 30-ти мај. Десет проценти од профитот на продажбата ќе биде наменет за СОС Детските села ширум светот, со цел обезбедување нови домови за дечињата. Цените на парчињата ќе се движат од 50 до 125 евра.

„Јас отсекогаш сум била фан на филмовите на Дизни. И јас пораснав гледајќи ги истите. Соработката се случи сосема спонтано, имав можност да присуствувам на снимањето на филмот и таму се роди целата идеја која еве конечно е на прагот на реализација“, изјави Мекартни чија водечка инспирација во содавањето на колекцијата е токму стилот на Злобната вештерка.

 

 

 

Објавено:
21 март 2014
Категорија: 
Сцена