Како што се очекуваше, премиерата на „Девојката од Данска“ во рамки на Венецискиот филмски фестивал предизвика огромно внимание и многу ѕвезди кои едвај чекаа да го погледнат филмот.

Меѓу другите, на премиерата се појави и шармантниот Џони Деп со неговата сопруга Амбер Хард која не можеше да ги тргне рацете од нејзиниот сопруг.

Тие предизвикаа вистинско воодушевување на црвениот килим, пред сѐ со нивната појава, а потоа со страсните бакнежи со кои се чини не можеа да престанат.

Прекрасната актерка се појави во елегантна цветна тоалета со длабок отвор, комбинирана со црни потпетици и шик фризура.

Инаку, таа е дел од актерската екипа на филмот „Девојката од Данска“ каде игра заедно со ултра талентираниот Еди Редмејн и новата холивудска надеж Алиша Викандер.

Според сите наслови во медиумите поврзани со „Девојката од Данска“ голема е веројатноста филмот да се бори за престижниот Оскар, но исто така и актерите да добијат високи признанија.

Објавено:
7 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.348 пати