Џорџ и Амал Клуни на одмор во Јужна Франција

8 јуни 2022

Амал и Џорџ Клуни во друштво на нивните долгогодишни пријатели Синди Крафорд и Ранде Гербер, деновиве уживаат на заеднички одмор во Јужна Франција.

Двата пара во понеделникот слетаа со приватен авион во регионот Вар, каде семејството Клуни го поседува имотот „Domaine du Canadel", што се простира на површина од 170 хектари.

Во меѓувреме, медиумите ги забележаа и на заедничка вечера, за која и двете дами одбраа летни комбинации со колоритни, флорални дезени.

Амал Клуни на себе носеше мини флорален фустан со исечоци, комбиниран со сламена шапка, додека Синди Крафорд одбра модел на преклоп што ова лето е меѓу најпопуларните тенденции.

Онаку, неодамна Џорџ Клуни го заврши снимањето на филмот „Ticket to paradise" во кој партнерка му е Џулија Робертс, а во кино салите ширум светот ќе започне со прикажување во октомври.

Фото: BackGrid

Објавено:
8 јуни 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.091 пати