Џорџ Клуни и екипата од новиот филм беа вистинска сензација во Берлин!

11 февруари 2014

 

Џорџ Клуни и неговата екипа на премиерата за најновиот филм „Операција:Чуварите на наследството“на 64-тото Берлинале, беа вистинска сензација.

 

 

Во филмот станува збор за нацистичка кражба на уметнички дела за време на Втората Светска Војна, а возбудената публика уште во раните утрински часови го окупираше просторот пред хотелот каде Клуни заедно со колегите одржаа прес конференција.

 

 

Филмот се заснова врз романите на Роберт М. Едсел и Бред Витер, а станува збор за група кустоси, уметници и експерти  кои Рузвелт ги праќа во Европа, за да пронајдат неколку стотици украдени уметнички дела.

 

 

„Ќе бидат пронајдени уште многу уметнички дела, кои недостасуваат, а сигурно се наоѓаат во некои подруми“, изјави Клуни.

Филмот во Европските кина пристигнува веќе на 13-ти февруари, а покрај Клуни во филмот настапуваат Мет Дејмон, Кејт Бланшет, Жан Дижарден и Бил Мареј.

 

 

 

 

 

 

Објавено:
11 февруари 2014
Категорија: 
Сцена