Џорџо Армани го советува италијанскиот премиер

26 јуни 2014

Изгледа дека Џорџо Армани сака да изгради репутација како неговиот колега Карл Лагефелд, кој е познат по коментирање „без влакна на јазикот“. Ветеранот на модната недела во Милано, 79 годишниот дизајнер смета дека е време да го каже своето мислење околу стилот на 31 годишниот премиер на Италија, Матео Рензи.

Според Армани, Матео е потребно да додаде вратоврска во својот визуелен идентитет, бидејќи на тој начин ќе ја потврди својата  претставителност и сериозност, а не да форсира имиџ, типичен за помладата генерација. Дизајнерот исто така истакнал дека премиерот треба да ги избегнува трендовите поради неговата чудна телесна конституција. Сепак за крај истакнал дека ја подржува неговата работа и дека иако е млад, за кратко време успеал да изгради статус на почитуван премиер.

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Сцена