Џорџо Армани креираше костими за новиот филм на Мартин Скорсезе

6 декември 2013

Леонардо ди Каприо за неговата нова улога на Џордан Белфорд  во филмот „The Wolf of Wall Street” ќе носи креации на Џорџо Армани кој ќе го разработува машкиот стил од деведесетите години.

Славниот дизајнер изјавува  дека карактерот на Џордан самиот по себе е комплексен, а тоа треба да дојде до израз и преку стилот на облекување бидејќи деведесетите години се период кога машката мода била највлијателна и пресудна за добриот изглед, пред се во деловните опкружувања.

„Џорџо Армани направи вистинска револуција во машката мода и даде нов изглед на елеганцијата која беше и се уште е одличен избор за сите пригоди. Ние и претходно имаме соработувано на други проекти, па токму поради тоа  и оваа соработка за мене претставува  вистинско задоволство“ – изјави Скорсезе.

Армани ќе биде дел од премиерата на филмот во Париз на 9- ти Декември, а премиерата во Њујорк ќе биде на 17 Декември. Претходни филмски проекти на кои има учествувано се: „The Dark Knight Rises,” „The Dark Knight,” „The Untouchables,” „Gattaca,” „Stealing Beauty,” „Shaft,” „The Tuxedo,” „De-Lovely,” „Ocean’s Thirteen,” „Fair Game,” „The Social Network,” „Mission Impossible: Ghost Protocol” и „American Gigolo”.

Објавено:
6 декември 2013
Категорија: 
Сцена