Џулија Робертс: Еве сум јас... како не одам на МЕТ Гала

6 мај 2020

Познатото шоу МЕТ Гала кое е во организација на Ана Винтур, а кое се одржува секоја година на првиот понеделник во мај, оваа година не се реализираше.

Причината секако е на сите добро позната, пандемијата на корона вирусот, но тоа не спречи голем број ѕвезди да се присетат на овој луксузен настан кој има хуманитарна цел и да ѝ оддадат почит на Винтур.

Меѓу нив е и Џулија Робертс која вчера сподели фотографија на Инстаграм, на која е во луксузен црно-бел фустан кој одлично ѝ стои.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts) onMay 4, 2020 at 1:55pm PDT

 

„Еве сум јас... како нема да одам на МЕТ Гала“, додавајќи ознаки „седете дома“, „да се' уште треба да седите дома“.

Фотографијата е направена во бањата во нејзиниот стан во Њујорк и за истата доби бројни коментари.

Како што сподели актерката, за стајлингот е задолжена нејзината долгогодишна стилистка Елизабет Стјуарт.  Робертс досега не се појавила во ова издание, но сепак, нема информација дали тоа би бил нејзиниот избор доколку се одржеше споменатиот настан.

Она што е сигурно е дека 52-годишната миленичка на публиката сè уште изгледа одлично, има смисла за хумор и... добро купатило, како што ќе прокоментира еден нејзин обожавател на социјалните мрежи.

Објавено:
6 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.600 пати