„Ѕверката“ ќе стане татко на 64 години!

20 септември 2019

Популарниот 64 годишен актер од култната серија „Sex and the City“ Крис Нот и неговата 37 годишна сопруга Тара Вилсон го очекуваат второто заедничко дете.

Згодниот актер ги објави среќните вести на неговиот Инстаграм профил со фотографија од неговата сопруга на која веќе се забележува трудничкото стомаче.

Page Six

Инаку, тие веќе го имаат 11 годишниот син Орион, а објавата му беше посветена токму него: „Орион наскоро ќе добие братче, а јас очигледно треба да се вратам во форма“, напиша под фотографија популарниот актер кој своевремено беше еден од омилените холивудски момци.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Noth (@chrisnothofficial) onJun 16, 2019 at 9:43am PDT

Неговите колеги беа воодушевени од веста, па Сара Џесика Паркер со која важеа за совршена двојка на филм, веднаш им честиташе со зборовите дека е пресреќна за нив.

Крис и Тара се сретнаа во еден бар во Њујорк каде таа работела како келнерка, се венчаа во 2009 – тата година, а година претходно го добија нивниот син Орион.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chris Noth (@chrisnothofficial) onJun 16, 2019 at 9:43am PDT

Иако во објавата посочи дека ќе треба да се врати во форма, актерот постојано објавува фотографии на кои се гледа како вежба и има одлична фигура на која секој може да му позавиди.

Инфо: People.com 

Објавено:
20 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.447 пати