Ѕвезден check in

16 август 2013

Свилени стуткани панталони и широка блуза, мини клач чанта и рамни обувки, Тилда Свинтон се одлучила за практична варијанта. А кон нејзиниот стил се придружува и миленикот на женската популација Бред Пит. Од друга страна пак вистински мелем за очи е да ја гледате Миранда Кер како пристигнува на аеродром, среќна, насмеана, свежа во цветен фустан или Адриан Броди во одело, совршено испеглан и стокмен.

 

 

Лиз Харли со куп куфери одвај се движи низ ходникот, додека Џони Деп во свој стил на заводник, лежерно се спушта со елеваторот. Погледнете ја галеријата и ќе видите дека и тие се „обични“ луѓе со исти желби како нашите но со „малку“ повеќе пари во џебот.

 

 

Објавено:
16 август 2013
Категорија: 
Сцена