Ѕвездена дружба за „Денот на мајките“

13 мај 2014

Иванка Трамп, Каролина Херера, Ана Винтур,  Џена Лионс, Дона Каран и Клер Данес Иванка Трамп, Каролина Херера, Ана Винтур, Џена Лионс, Дона Каран и Клер Данес

Повеќе од сто години секоја втора недела од месец мај се прославува еден од најубавите датуми во годината посветен на сите мајки. Прв пат „Денот на мајките“ беше признат како официјален празник во САД во државата Вирџинија во 1910 година.

Иванка Трамп со семејството Иванка Трамп со семејството

Оваа година традиционалната прослава за „Денот на мајките“ во САД се одржа на 11-ти мај и беше одличен повод за на едно место да ги собере дел од најпознатите личности во Америка. Модната уредничка на американски Vogue, Ана Винтур, Дијан фон Фурстенберг, етиопскиот модел Лија Кебеде, извршниот  директор на „Born Free“, Џон Мегру, кенискиот уметник Вонгеки Муту и актерката Клер Данес кои што решија оваа средба да има добие хуманитарен карактер. Дружбата која се одвиваше на реката Хадсон, резултираше со формирање на добротворниот фонд за „Born Free Africa“, кој што има за цел да стави крај на преносот на ХИВ вирусот од мајка на дете.

Лија Кебеде и Доуцен Круз Лија Кебеде и Доуцен Круз

Оваа иницијатива наиде на многу позитивни реакции и беше поддржана од страна на дизајнерите Дона Каран и Каролина Херера, како и Иванка Трамп која што дојде придружувана од сопругот и ќерката.

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Сцена