Ѕвездена ноќ по повод рекламната кампања на Роџер Вивиер

7 март 2014

Инес де ла Фресанж, Кетрин Денев, Мирослава Дума и Бруно Фризони Инес де ла Фресанж, Кетрин Денев, Мирослава Дума и Бруно Фризони

Во рамките на Париската модна недела, Роџер Вивиер и дизајнерот Бруно Фризони, организираа вечерен коктел во чест на успешната завршница на пролетната рекламна кампања „Vivier's Codes“, чие заштитно лице е Мирослава Дума.

Алексија Ниеџиелски Алексија Ниеџиелски

Во декември минатата година, основачката на најпопуларниот моден сајт Buro 24/7, Мирослава Дума, се најде во улога на мистериозна дама во изгубената земја на Роџер Вивиер, обоена во боите на тропската џунгла и луксузните модни додатоци кои ги изработува овој бренд. Сафари водичот, односно фотографот кој  ја сними кампањата е дваесет годишната фотографка Оливија Би, на која и се насмевнува блескава кариера. Еден месец по снимањето на кампањата и каталогот во јавноста се објави видеото и фотографиите, но не во целост. Модната куќа комплетната видео верзија ја зачува за себе, а направи и лимитиран лук бук со 34 слики кои ќе можат да ги видат само оние кои што ги посетуваат нивните продавници.

Бруно Фризони и Алесандра Факинети Бруно Фризони и Алесандра Факинети

Вечерниот коктел, специјално беше украсен со сценографските реквизити од рекламната кампања, па просторот наликуваше на вистинска импровизирана џунгла. Голем број на познати личности се најдоа помеѓу гостите, еве дел од нив:

 

Инес де ла Фресанж, и Винсент Дер Инес де ла Фресанж, и Винсент Дер

Елизабет Вон Гутман Елизабет Вон Гутман

Инес де ла Фресанж и Мари Хозе Крозе Инес де ла Фресанж и Мари Хозе Крозе

Микол Сабадини Микол Сабадини

Мирослава Дума Мирослава Дума

Александра Галованоф Александра Галованоф

Стела Тенант и Бруно Фризони Стела Тенант и Бруно Фризони

 

 

 

 

 

 

Објавено:
7 март 2014
Категорија: 
Сцена