Ѕвездени моменти од вториот ден на Кан

16 мај 2014

филмската екипа позира пред премиерата на филмот „Господин Тарнер“ филмската екипа позира пред премиерата на филмот „Господин Тарнер“

Шармот што го има француската ривиера деновиве е во полн сјај. Втората премиера на 67-мото издание на филмскиот фестивал Кан беше во знакот на филмот „Господин Тарнер“, чија содржина ја раскажува приказната за последните 25 години од животот на легендарниот британски импресионист, Вилијам Тарнер.

Дорти Аткинсон, Тимоти Спол и Мерион Бејли дел од актерите во филмот „Господин Тарнер“ Дорти Аткинсон, Тимоти Спол и Мерион Бејли дел од актерите во филмот „Господин Тарнер“

“Кога зборуваме за Тарнер, ние се справуваме со гениј, кој што направи вистинска револуција во рамките на уметноста“, изјави режисерот на филмот Мајк Ли на прес конференцијата која што се одржа пред почетокот на премиерата.

Блејк Лавли за премиерата облечена во Шанел, а на прес конференцијата во Џамбатиста Вали Блејк Лавли за премиерата облечена во Шанел, а на прес конференцијата во Џамбатиста Вали

Црвениот килим како и на вчерашното свечено отворање, беше местото каде ѕвездените диви собираа воздишки, позираа пред фотообјективите и камерите, облечени во блескави и неверојатно гламурозни креации потпишани од еминентни дизајнерски имиња. Во фокусот на вниманието повторно беше шармантната озборувачка Блејк Лавли, која што за оваа пригода носеше креација од пролетната колекција за 2014 година на Шанел, чевли на Софија Вебстер , а изборот на накит е дело на Лорејн Шварц. На прес конференцијата пред почетокот на премиерата Блејк Лавли носеше краток коктел фустан со флорални дезени од модната куќа на Џамбатиста Вали.

Џулиен Мур во креација на Луј Витон Џулиен Мур во креација на Луј Витон

Прекрасната црвенокоса актерка  Џулиен Мур на црвениот килим прошета во дводелна креација на Луј Витон. Горниот од тоалетата е во сјајна бордо боја, а здолништето стегнато на половината со ремен е во форма на глок и прикажува монохроматска игра на кроеви, надополнети со пердувести детали.

Зое Салдана во креација на Џејсон Ву на премирата, а на пресот во Валентино Зое Салдана во креација на Џејсон Ву на премирата, а на пресот во Валентино

Актерката, Зое Салдана пак, се појави во тоалета од колекција за есен-зима 2014-2015 на Џејсон Ву, а на прес конференцијата пред почетокот на премиерата Зое прошета во креација на Валентино. Етиопскиот модел Лија Кебеде, на црвениот килим носеше краток коктел фустан во транспарентна црна боја, со адаптирани апликации на блескави камчиња и монистра во сини нијанси, дело на модната куќа на Роберто Кавали.

Лија Кебеде во Роберто Кавали Лија Кебеде во Роберто Кавали

Во рамките на фестивалот куќата за накит Шопар доделува награди за млади и перспективни актери. Годишната награда на Шопар ја добиваат двајца, актер и актерка.

Кејт Бланшет во Валентино Кејт Бланшет во Валентино

Честа да ја води манифестацијата за доделување на наградите оваа година и припадна на актерката Кејт Бланшет, која што буквално блескаше со целиот холивудски гламур на сцената облечена во долга тоалета на Валентино.

Наградите ги добија дваесет годишната Адел Ексаркопулос, која што се појави исто така во фустан потпишан од Валентино и 22 годишниот Логан Лерман.

 

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Сцена